Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Од:

Малолетник предизвикал тешка сообраќајна несреќа откако со автомобил удрил во паркирано возило и пешак кој се бори за живот на Клиниките „Мајка Тереза“.

– Денеска (25.01.2026) во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во с.Долно Коњари, скопско во која патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешак И.Ф. Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој е пренесен во Ургентен центар “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка состојба, соопшти МВР.

Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес