Малолетник лажно пријавил дека е поставена бомба во училиште во Прилепско

Од:

Денеска СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи поднесе известување до Основното јавно обвинителство Прилеп, поради лажно пријавување за кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик, информираше МВР.

– На 16.01.2023 во 18.16 часот од својот мобилен телефон малолетник, во присуство на неколку малолетници, телефонски пријавил дека во училиште во с.Житоше има поставено бомба. Полициски службеници извршиле проверка, при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава, соопшти МВР.

По преземени мерки и активности, извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ