Малолетничка од Скопје била грабната и силувана од познаник

Од:

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, и „полов напад и силување“, и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале.

Тие биле лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче