Малага, Грција, Охрид-градоначалниците заминаа на одмор

Од:

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, се пофали со фотографија на „Фејсбук“ на која се гледа како плови со брод по водите на Медитеранот, од патување во Малта. Наумоски вели дека бил во куса посета на роднина во Малта, а допрва ќе го користел годишниот одмор и планира да одмора во Турција.

„Бев со семејството на четири дена во Малта, во посета на мој внук, кој живее таму. Тоа беа неколку дена кои ми останаа од стариот одмор. На годишен одмор ќе одиме во Турција. Само знам дека се шест ноќевања, други детали не знам, сопругата го правеше аранжманот“, рече Наумоски.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, веќе бил на годишен одмор. Заедно со сопругата и блиски пријатели одморал во познатото шпанско летувалиште Малага.

„Градоначалникот Богоев и неговата сопруга беа осум дена во Малага, во друштво на блиски пријатели со кои вообичаено се дружи и оди на продолжени викенди. Патуваше со авион на „Виз ер“ од Бугарија, а веќе почна на работа“, велат од кабинетот на Богоев.

Градоначалникот Арбен Таравари одморал во Пиран, во близина на Порторож на словенечкиот јадрански брег. Таму бил со семејството, а „батериите ги полнел“ со прошетки со велосипед.

„Заврши одморот на градоначалникот Тараври и се врати на работа. Со семејството беше во словенечкото одморалиште Пиран. Времето таму го искористи да се одмори и да се дружи со семејството. ‘Батериите ги полнел’ со секојдневно возење велосипед покрај морето“, велат од неговиот кабинет.

Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово, за „А1он“ вели дека одморот ќе го искористи за прошетка низ неколку држави од поранешна Југославија.

„Ми доаѓаат роднини од Америка и планираме заедно да прошетаме во неколку држави од поранешна Југославија, како што се Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово. На ова тура ќе бидам осум дена“, изјави Димитриевски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, се вратил од одмор и заминал на службено патување во Америка, вели неговиот пиар советник.

„Градоначалникот беше на одмор две недели. Мислам дека беше во Грција, сега е вратен на работа, но е на службено патување на покана на градоначалникот Силвестер Тарнер во Хјустон, Америка. Таму ќе престојува 10-тина дена, на конференција за збратимени градови, на која присуствуваат 400 градоначалници од целиот свет“, велат од Општина Крива Паланка.

Благој Бочварски од Штип планира да користи краток одмор од една недела, како што вели, четири работни дена, кои ќе ги поврзе со празникот Илинден. Ќе патува во соседна Грција.

„Планирам да користам неколку денови, имам многу обврски. Ќе отидеме на седум дена, но нема да одам далеку, тоа ќе биде на некое од маливе места во Грција или евентуално до Охрид“, вели Бочварски.

Во Грција ќе летува и градоначалникот на Дојран, Арго Аргов. Од Општината велат ќе го користи одморот по завршувањето на фестивалот „Риба и вино“ од средината на август.

„Ќе оди на семеен одмор најверојано во Грција, во некое од поблиските одморалишта, затоа што има мали деца. Ама тоа ќе биде по завршувањето на фестивалот“, потврдија од Општина Дојран.

Evening in Santorini – Thira town and Aegean sea at sundown, Greece – Landscape

Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар, за „А1он“ вели дека сè уште не одлучил каде ќе оди и доколку замине на одмор тоа би се случило крајот на септември или октомври.

„Се уште не сум испланирал, но знам дека летово имам многу работни обврски, најверојатно за одмор ќе размислувам во септември или октомври“, рече Богдановиќ. И таткото на градот, Петре Шилегов, не знае каде ќе одмора. Од неговиот кабинет потврдија дека има неодложни обврски и затоа до крајот на јули останува во Скопје.

За одмор сè уште не се одлучила ниту градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

„Најверојатно по завршување на сите обврски ќе го испланира и годишниот одмор“, велат од нејзиниот кабинет. Каде ќе го помине одморот не знае ниту нејзината колешка од Арачиново, Миликије Халими. Од нејзиниот кабинет само кусо одговорија дека засега не се знае кога градоначалничката ќе замине на одмор.

Би можело да ве интересира

Скопските градоначалници бараат Владата да ги одземе ингеренциите на Комунална хигиена и на Паркови и зеленило

Скопските градоначалници најавија кривична пријава за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Скопскиот плански регион: Град Скопје да размисли општините сами да ја одржуваат комуналната хигиена

A1on

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отпочнаа 1096 проекти за нецели 100 дена

Градоначалниците на СДСМ преку тендери го оштетувале буџетот и приватниот сектор обвинува ВМРО-ДПМНЕ