Мал интерес за чипирање домашни миленици во Куманово

Од:

Незадоволитен е интересот кај сопствениците на домашни миленици од Куманово за бесплатно чипирање на кучињата, оценија денеска надлежните од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“. Само седумдесетина миленици од Куманово од почетокот на акцијата се идентификувани.

– Сметаме дека оваа бројка е незадоволителна со оглед на фактот дека Куманово е најголема општина во државата и има голем број на сопственици на миленици, изјави ветеринарниот лекар, Димитар Венев.

Тој апелираше до сопствениците да покажат интерес и да ја искористат бесплатната законска обврска и да ги идентификуваат милениците со микрочип.

Венев информираше дека заинтересираните можат да се обратат во центарот секој ден, од понеделник до сабота, во претпладневните и попладневните часови.

Од ветеринарно-сточарскиот центар најавија дека ќе спроведат и акции во руралните средини и бесплатно ќе ги микрочипираат милениците.

По идентификацијата на милениците, сопствениците треба да извадат и пасош во кој се наведени податоци за миленикот, што чини 120 денари.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он