Максим Димитријевски избран за претседател на Советот на Куманово

Од:

Максим Димитријевски од СДСМ денеска беше избран за претседател на Советот на општина Куманово.

– За мене ова е чест и одговорност. Се надевам дека од моето скромно искуство ќе дадам придонес седниците на Советот да се одвиваат согласно деловникот. Се надевам дека за одредени прашања кои се од општ интерес за кумановци ќе имаме поддршка и од опозицијата, истакна Димитријевски на конститутивната седница на Советот на Општина Куманово.

Седницата ја отвори Димитријевски, кој беше претседател на претходниот Совет, а раководеше највозрасниот член на Советот, Јовица Станковски од коалицијата „За Подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Советот на општина Куманово има 33 членови од кои дванаесет се од коалицијата „Сојузот на иднината“, исто толку советници се и од Коалицијата „За подобра Македонија“, четворица се од ДУИ, двајца од ДПА, двајца од независната опција и еден член од НДП.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?