(ВИДЕО) Максим Димитриевски: ЗНАМ е движење на младите – тие се иднината на Македонија

Од:

Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, беше гостин во интервју за новиот канал на младите на ЗНАМ, кое се одржа во рамки на летниот камп за млади на движењето во Струга.

Тој ја истакна клучната улога на младите во политичките процеси, нивната способност да внесат поинаква енергија, креативност и визија, како и важноста на нивното активно учество во креирањето на иднината на Македонија.

„Наша цел е да ги споделиме нашите искуства и да ги направиме младите одважни. Младите мора да бидат двигател на одлуките во нашата политичка партија,“ – нагласи тој, истакнувајќи дека секоја иницијатива и промена мора да доаѓаат од младите, бидејќи токму тие носат нови идеи и енергија која ја движи Македонија напред.

Димитриевски ги повика младите да бидат истрајни, храбри и подготвени да преземат одговорност.

„Фасциниран сум од бројката на млади кои се заинтересирани да ни се придружат и да ги споделат своите идеи и ставови со нас. Иднината на државата не може да ја креира никој ако не се тие млади луѓе. Тие се иднината на Македонија.“ – истакна тој, нагласувајќи дека потребна е
нова енергија и нов пристап кон политичкото делување.

„Младите мора да бидат иновативни, креативни и активно вклучени во политичкиот живот,“ – потенцираше Димитриевски, додавајќи дека ЗНАМ има
за цел да креира нови лица, визионери и вистински интелектуалци.

“Токму младите се најголемиот капитал на државата и тие не смеат да бидат набљудувачи, туку креатори на политиката и иднината на Македонија” – заклучи тој.

Движењето ЗНАМ ги повикува сите млади, во што поголем број, да се приклучат и да станат дел од оваа визија, да ја обликуваат иднината и да
ја градат Македонија која сите ја заслужуваме, повкуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

БРАКО донираше ЕКГ во болницата во Велес

Предраг Петровиќ

Македонија e блокирана без отворени или затворени поглавја со ЕУ, изјави Адеми

Горан Наумовски

Пукал со пиштол во нозе на лице во Велешта, а на полицаец го удрил со автомобилот

Предраг Петровиќ

Уапсени 15 лица: Вработени во МВР, ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделие

Предраг Петровиќ

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

Конгрес на македонските стоматолози во Охрид