Максим Димитриевски ги осуди настаните во Куманово, побара да се најдат и казнат сторителите

Од:

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска ги осуди настаните во Куманово, опожарување на возила и објект. Тој ги повика надлежните институции на време да ги дознаат сторителите и да им изречат казни.

– Најостро ги осудувам немилите настани што се случија ноќеска во центарот на Куманово – опожарување на деловен објект и автомобили. Ги повикувам надлежните институции професионално и навремено да ги дознаат сторителите и да се изречат соодветни казни. Ваквите дејствија не треба да дозволиме да се случуваат никаде во државата, објави Димитриевски.

Ноќеска беа опожарени три автомобили и еден деловен објект во Куманово. Едниот од автомобилите е сопственост на обвинителот Џелал Бајрами, додека деловниот објект е сопственост на советникот од ДУИ во општинскиот Совет Фитор Јакупи.

Од СВР Куманово претходно информираа дека во 3:20 часот во полицијата било пријавено дека бил опожарен деловен објект на улица „11 Октомври“, сопственост на М.Ј. од Куманово. Исто така, било пријавено дека биле опожарени три патнички возила на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово и тоа патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Б., патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е. и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М. Ш, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека увид извршила екипа од СВР Куманово, известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

ЈОРСМ информираше дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија.

-Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор, велат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Проблеми имало и ќе има, со посветена работа ќе ги решаваме без да застанеме

Горан Наумовски

Димитриевски: Комплексот К4 ќе добие повеќе паркинг места, зелени површини и ќе се спречи градба на нови згради!

Димитриевски: Табакана нема да биде зграда, туку бесплатен паркинг за околните жители и парк со детско катче

Димитриевски на средба со Меџити: Од ВРЕДИ добив поддршка за вториот круг во Куманово

Димитриевски: Освоив гласови колку што и останатите шест противкандидати

Димитриевски: В недела се избира насока, иднина – се избира меѓу празни ветувања и вистински резултати

А1он