Максим Димитриевски бара од МВР внатрешна истрага за кривичната пријава против него

Од:

Комплетна истрага од Одделот за внатрешна контрола на МВР денеска побара градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски за кривичната пријава која полицијата ја поднесе против него за непостапување според здравствени проиписи за време на епидемија, која пријава од Основното јавно обвинителство е потврдена како неоснована.

-Денеска ја искористив мојата граѓанска можност со оглед на сето она што поминав поврзано со наводната кривична пријава за која што бев теретен, согласно член 206 од Казнениот законик да побарам од МВР и од Одделот за внатрешна контрола комплетна истрага на случајот и како дојдовме до ситуација да биде поднесена кривична пријава која што беше потврдена од страна на Основното јавно обвинителство како неоснована. И тогаш верував и денеска верувам во институциите на системот и верувам дека овој предмет ќе резултира со разрешница, бидејќи оваа држава мора да изгради капацитети коишто без разлика на политичките притисоци ќе функционира и ќе работи непристрасно и крајно професионално, истакна Димитриевски.

Според него во МВР има професионалци коишто може да ја истераат оваа работа до крај и дека очекува дека во најкус можен рок МВР и Одделот за внатрешна контрола да ја утврди целата фактичка состојба во случајот и да излезе со соопштение во кое што ќе бидат дефинирани сите евентуални прекршувања по однос на самата постапка како е водена, на кој начин е дојдено до кривична пријава.

-Моите сознанија и она што го имаме дадено во преставката е дека во самата постапка ниту во еден момент не сум повикан на распит во полиција или, пак, некој побара мислење или став од мене во самата предистражна постапка. Во самата постапка имам формирано документација од личен карактер од страна на претставници – полициски службеници, а знаете тоа јавно го обелоденив дека во самата постапка дел од податоците коишто беа прибрани од страна на други надлежни органи, конкретно ДЗСИ беа изнесени во јавноста и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава од моја страна веднаш по завршувањето на мојот адвокатски тим со изготвување на кривичната пријава против Сотирова – Бухова, нагласи градоначалкникот Димитриевски.

Кривичната пријава според него е поради тоа што тој за време кога требало да биде во изолација заради позитивен тест за Ковид-19, самоиницијативно излегол и во приватна установа се тестирал, од каде пак изглегле негативни резултати. Градоначалникот рече дека тој ги запазил сите мерки и препораки и со „Ковид возило на Итната медициснка помош“ заминал да го направи тестирањето бидејќи се сомневал дека првото тестирање е точно.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Етничкиот предзнак не треба да биде привилегија за вработување

Димитриевски: Шпекулации се наводите дека е набавениот семафор за спортската сала кој чини над десет милиони евра

Левица: Максим Димитриевски троши 10 милиони денари народни пари за семафор во сала

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Димитриевски: Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ се навикнати секој да им прави што сака, само да си ги остваруваат бизнис интересите

Предраг Петровиќ