Макрадули: Жителите од Ногаевци носат кромид по мост по кој ни Индијана Џонс не би поминал

Од:

„Жителите на Ногаевци на рака пренесуваат кромид преку мост по кој ни Индијана Џонс не би поминал, а Илија Димовски, една година и седум месеци ги лаже жителите дека ќе им се направи мост“, рече од собраниската говорница, Јани Макрадули, пратеник од СДСМ, обидувајќи се да ги убеди пратениците од мнозинството да го прифатат нивниот предлог со закон да се предвиди на социјално загрозените семејства да им се доделат по 2.000 денари за набавка на прехрамбени производи од македонски производи.

Прашајте се, рече, Макрадули, на колку семејства можевте да им помогнете, доколку не дадевте 28 милиони евра за италијански леари, украински восочни фигури и руски сликари.

Макрадули пресмета дека со денешните дневници на пратениците кои не се од Скопје а ќе земат од 5-9.000 денари, ќе се помогнеше на 120 семејства. Посочи, дневници ќе земат и пратениците кои досега немаат уста отворено од говорницата.

Според опозицијата, иако е петок, кога вообичаено собранието не работи, денеска е закажана седница, само да можат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да земат дневници, и да присуствуваат на прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ.

Игор Ивановски рече дека е глупост изјавата на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, дека Дојче банк е во криза и затоа не ги добивме сите пари. Дојче банк, рече е најликвидната и најголема банка во Европа.

„Јадно, бедно и срамно е да не гласате да се дадат по 2.000 денари на најзагрозените,и на душа ќе ги носите овие луѓе, рече Ивановски.

„2 милиони евра давате за Прометеј со и без гаќи, може министерката за култура да не носи чевли од 2.000 евра.Во музејот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се свири жива музика,па нема крај на забеганоста“, рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски