Макрадули ветува градски квартови во сите општини во Скопје

Од:

Кандидатите за градоначалнк на Скопје и на Општина Бутел од „Сојузот за иднината“ Јани Макрадули и Коста Начевски денеска  ветија  дека во рамки на нивниот „проект 10“ е предвидено формирање градски квартови во секоја општина.

Според Макрадули,  во квартовите,  жителите ќе добиваат корисни информации за работата на градската администрација. Проектот, истакна, е од голема важност и ќе им го олесни секојдневниот живот на граѓаните.

–  Секој од овие квартови ќе има најмалку 10 работи или 10 причини за некој да го посети. Тие квартови ќе вклучат места за одмарање, игралишта за деца, галерија за уметнички изложби, катче за уживање во музика, вкусување локални специјалитети, шах клуб за пензионерите, изјави Макрадсули.

Тој најави дека во квартовите ќе има и многу зеленило и канцеларија во која граѓаните ќе се информирале за тековните градски активности и ќе можеле веднаш да ги добијат сите документи и одобренија кои се во надлежност на градот.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември