Макрадули: На спотовите ги нема злоделата на Груевски

Од:

Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“ за Скопје вечерва на митингот во Гази Баба рече дека бројот 42 е симбол на победата на 24. март.

Кампањите не се само реклами и ветувања, рече Макрадули.

„Го гледам Никола Груевски, кога зборуваше за Јагнула Куновска која по грешка дели флаери во места кои не се во општината во која се кандидира. Никола ти го изгради ѕидот и отпорот ќе продолжи додека не го урнеме ѕидот кој ти го изгради. Можеа сите да го видат нивниот срам со Амди Бајрам. Сега гледам зошто Груевски немал успех како боксер. Тој тренерот сакал да го тепа, како што го тепа 7 години сопствениот народ. На спотовите ги нема злоделата кои ги направи, Време е за промена, време е со Борче Стефановски да ги решиме сите проблеми во Гази Баба. Не заради инает на Коце, туку за граѓаните, најголем број се проекти за Гази Баба. Ние ќе направиме подвозник за доброто и сигурноста на нашите деца“, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија