Макрадули на Првата конференција од Минамата конвенцијата за жива

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули вчера и денеска учествуваше на тркалезна маса на високо ниво на Првата конференција на членките на Минамата конвенцијата за жива што се одржува во Женева, Швајцарија.

Конвенцијата за жива е глобален документ чија цел е заштита на здравјето на луѓето и животната средина од негативните ефекти предизвикани од присуството на жива како резултат на антропогените емисии на жива и живини соединенија.

Одредбите на Конвенцијата се однесуваат на контролата и управувањето со жива, метал што наоѓа широка примена во секојдневието на современиот човек, така што очекувано е да се наоѓаат негови емисии и ослободувања во сите медиуми на животната средина. Така, главна цел и делокруг на Конвенцијата е контрола на живата во текот на сите фази од нејзиниот животен циклус, нејзината редукција и елиминација.

Со превземањето на активностите за ратификација на Конвенција Република Македонија ќе биде во можност активно да учествува на меѓународните состаноци за жива, како и донесувањето на одлуки поврзани со имплементацијата на истата на глобално ниво.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски