Макрадули: МТВ како ТВ Авганистан

Од:

„Наместо дебатни емисии како што стои во планот за работа на Јавниот сервис МРТВ, времето се троши на владини глупави и дебилни реклами, кои будат етнички поделби“, рече од собраниската говорница, Јани Макрадули.

Опозицијата сака и ќе учествува на дебатни емисии за да може да размени ставови со власта.

На дневен ред е расправата за финансискиот план за Собранискиот канал.

Го потсети претседателот на Советот на МТВ, Слободан Чашуле, на кажаното на комисија, дека до сега во куќата се водело погрешно книговодство, што значи рече, дека се трошени пари на граѓаните на погрешен начин.

„И Ал Капоне убиваше илјадници, а во затвор заврши поради погрешно книговодство“ ,реле Макрадули.

Собранискиот канал не ја покрива работата на Собранието во целост. Издатоци давате за премиерот на Владата и на Иванов ама и не на претсеадтелот на Собранието.

„Жичарата од Скопје преселете ја во Горобинци, за да можат граѓаните храна да си купуваат. МТВ е како како ТВ Авганистан“, му порача Макрадули на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Ѓорчев возврати, СДСМ не напрви ниту еден метар пат во овчеполието.

Претседателот на Советот, Слободан Чашуле, потсети на договореното, Советот на собранискиот канал да си ги преземе програмските содржини, а МТВ да биде само сервис.

Опозицијата, во знак на револт, поради, како што велат игнорантскиот однос на власта кон сите нивни предлози, не влегува во салата за гласање. ВМРО-ДПМНЕ немаат доволно гласови, па изјаснувањето се одложува за утре.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?