Макрадули: Интересите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ни ја загрозуваат ЕУ перспективата

Од:

„Проектот Собраниски институт, чие спроведување требаше да обезбеди независно и стручно тело во законодавниот дом, од чија работа корист ќе имаа сите пратеници, но и целата држава, пропаѓа поради самоволието на власта“, рече Јани Макрадули.

„Генералниот секретар на Собранието Жарко Денковски го поништи првиот конкурс за избор на експерти, и покрај противењето на швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ, која го финансира проектот со три милиони евра.Укажувавме дека овие средства ќе пропаднат, но власта продолжи со неодговорниот однос кон овој проект.Сега, Швајцарците ги замрзнаа средствата наменети за Собранискиот институт“, укажа потпретседателот на Собранието.

Власта, рече прави обид да инфилтрира свои луѓе и целосно да го партизира Иститутот, со што од самиот почеток ќе се компромитира неговата работа.

„Сега, заради теснопартиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, загрозена е и европската перспектива на Македонија, бидејќи Парламентарниот институт е дел од секој извештај за Република Македонија. На овој начин ги губиме и нашите пријатели од САД, Чешка, Словачка, Британија и пред се Швајцарија, кои несебично го помагаа формирањето на овој институт.СДСМ бара итно да се свика седница на институтот и дозаврши започнатата постапка за избор согласно Законот за Собрание и попишаниот меморандум на соработка.Ја повикуваме власта со ова да докаже дека е заинтересирана за унапредување на работата на Собранието, без обиди да се партизира работата на неговите органи“, посочи Макрадули.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов