(ВИДЕО) Макрадули: Градот убав пак ќе никне!

Од:

На митингот на коалицијата „Сојуз за иднината“, прв се обрати кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули.

4 години својот неуспех во економијата, оваа власт, рече, го покрива со споменици.

„Скопје никогаш повеќе не смее да има вакви 4 години. Вашиот глас на 24. март го одлучува тоа. Не го сакам Коце затоа што 38 објекти му се препишани од 2009 години. Не ми се допаѓа Коце поради спомениците , поради златните коњи. Не ми се допаѓа Коце, затоа што ги празни џебовите на народот а ги полни на фамилијата.Не ми се допаѓа Коце бидејќи на плоштадот, има есто за белосветски преваранти а не ма место за скопјани. Јас иумам поинаква визија за Скопје“, рече Макрадули.


Скопје, вети Макрадули веќе нема да биде потсмев за светот.

„Јас немам проекти за уништување на градот, нема место за златни огради и восочни фигури или златни коњи, нема место за сечење на шумата, гусарскиот брод ќе отплови, а рингишпилот нема никогаш да дојде. Јас имам програма за живите.Време е Скопје да се разбуди .Време е за нашето Скопје. Скопје нема да ни прости ако се колебаме.Имаме обврска да победиме. Градот убав пак ќе никне“, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“