Макрадули: Главен архитект на Скопје е Никола Груевски

Од:

Предлогот на Лилјана Поповска, од ДОМ, стручната јавност да учествува во оформувањето и изградбата на градот Скопје, за опозицијата е легитимен, но задоцнет. Поповска предлага внесување на поимите градски архитект и градски совет на архитекти, кои ќе се грижат за обезбедување одржлив и хармоничен урбан развој на градот Скопје како единствена просторна и функционална целина, во насока на квалитетно живеење и заштита на животната средина.

„Скопје има главен архитект, тоа е Никола Груевски. Градоначалникот е како вработен како во „Горење “, само пере пари“, рече Јани Макрадули. Ја праша Бонева зошто не се качи на тенк и не се буни за урбаното „силување“ на Скопје.

Лилјана Поповска ги отфрли квалификациите за нацистичка власт и диктатура и рече дека ова е за доброто на Скопје.

„Она што му се случи на Скопје е злосторство и криминал. И за жал не постои козметички начин ова да се реши.Ова е ситуација кога најлоште платстични хирурзи , прават операции од кои излегуваат монструми .

За Емилијан Станковиќ ова е урбанистичко лудило, потпорен зид паѓа и општина Центар и Министерство за транспорт не можат да се договорат кој е одговорен.

„Каде ВМРО стапнало во урбанизмот-таму трева не расте“, рече Станковиќ.

Илија Димовски, реплицираше и праша, зошто ништо не се градеше во времето на СДСМ, и дали парите за шверц само биле? Праша што договориле со Тачи

Ивон Величковски одговори, дека договореното ќе се види во март.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски