Пратеничката Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека според извештајот на Европската агенција најзагаден воздух дишат граѓаните на Македонија.
„Еко-активисти постојано апелираат на алармантната состојба. ‘Меѓаши’ информираше дека секое второ дете страда од респираторни движења, а зголемен бил бројот на предвремено родени деца. Дали постои една конкретна мерка која планирате да ја спроведете?“, праша таа.
Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, рече дека воздухот е загаден, но податоците не се само за 2018 туку се сумирани од 2014 година.
„Не барам алиби, ве молам да не играте со чувствата на најранливите. Дај да го подржиме планот, замолувам за поддршка. За прв пат имаме 2 милиони евра. За жал многу институции користат мазут, нафта. Една институција троши многу пари и загадува. Ние ќе ставиме инвентори и така ќе заштедиме. Овој проект носи и екеномски бенефит. Прифатен е планот и ако влеземе во негова реализација, ќе имаме решенија. Најдоминатни причинители се домаќинствата, тие не се виновни. Индустриските капацитети имаат свои читачи и секој може да се увери како работат. Лесниот популизам нема да помогне во моментот на намалување на загадувањето“, рече Макрадули.
Манаскова рече дека не добила конкретни одгогвори и додаде дека за неговиот одговор требало да судат граѓаните. Го оцени како несериозен неговиот пристап кон темата. Додаде дека нема ништо од мерките, нема маски, нема прочистувачи за воздух во училиштата.
„Еве ние ве поддржуваме, но вие треба да ги преземете мерките. Поддржувајте си се на седници на Влада, меѓу себе, а граѓаните нека судат сами за она што го кажувате“, му рече пратеничката на Макрадули.
Габриела Димковиќ-Мишевска