Македонско-словенечка воена вежба на Криволак

Од:

На армискиот полигон „Криволак“ од денеска до 27 септември македонските и словенечките војници ќе имаат заедничка воена вежба под името „Предизвик 2013“, објави Министерството за одбрана.

На вежбата и претходеше заедничка обука на припадниците на двете армии, при што теоретскиот дел од обуката за лесен преносен ракетен систем „Игла“ се реализираше со инструктори од бПВО во период од 20-ти до 31 мај 2013 година, додека практичниот дел со обука на тренажери и симулатори се реализираше во јули годинава под раководство на инструктори од вооружените сили на Словенија.

arm

„За време на вежбата, планирано е да се реализираат боеви гаѓања на цели во воздушниот простор со „Игла“, како и повеќе тренажни, технички и испитно-школски гаѓања на цели во воздушен простор. Се очекува вежбата да придонесе за обученоста, интероперабилноста и борбената готовност на бПВО на АРМ“, соопшти Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски