Македонските спортски легенди се дружеа со учениците од Кисела Вода

Од:

Во организација на општина Кисела Вода и на иницијатива на градоначалникот Марјан Ѓорчев, македонските спортски легенди денеска другаруваа со младите спортски таленти од оваа општина.
Дарко Панчев, Владимир Богоевски, Благоја Георгиевски, Љупчо Трајчев, Ванчо Каранфилов, Ацо Јорданов, Аце Станковски, Ристо Дарлев, Чедомир Саздовски, Драган Мутибариќ и Љупчо Макеларски се дел од плејадата наши познати и признати спортисти, кои на учениците од основните училишта во општина Кисела Вода им доделија спортски реквизити (дресови и топки) во пресрет на новогодишните празници.

– Општина Кисела Вода е позната како расадник на спортски таленти. Од оваа општина доаѓаат Дарко Панчев, легендите на македонската и европската одбојка Владимир Богоевски и Љупчо Макеларски, кошаркарот Благоја Георгиевски – Буштур, македонската ракометна икона Аце Станковски, нашиот параолимписки лауреат Ванчо Каранфилов, македонските боречки легенди Ристо Дарлев и Ацо Јорданов, македонската голманска легенда Драган Мутибариќ и советниците во општината Кисела Вода, но и наши спортски великани, Љупчо Трајчев – атлетичар и Чедомир Саздовски – каратист, изјави градоначалникот Ѓорчев.

Тој потсети дека општина Кисела Вода беше високо оценета и избрана од реномирани и релевантни институции како општина која најмасовно се залага за поттикнување и организирање на училишниот спорт. Им се заблагодари на спортските великани кои, како што рече, секогаш даваат безрезервна поддршка во афирмацијата на спортот.

Ѓорчев додели признанија за особен придонес во афирмација на спортот и на спортските новинари Миодраг Мицковиќ, Атанас Костовски и Бранко Давидовски.

На оваа манифестација со уметничка програма настапија учениците од основните училишта и децата од детските градинки, како и Димитар Андоновски, Дарко Илиевски и Елена Миленковска.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“