Македонските спортисти масовно во акција за помош на настраданите во Скопско

Од:

Македонските спортисти, кошаркари, фудбалери, ракометари, автомобилисти… се приклучија со донации за настраданите во поплавите во Македонија, што однесоа и жртви.

Откако први се огласија фудбалерите, кои средствата од квалификацискиот натпревар против Албанија во целост ќе ги донирани на погодените од катастрофалната поплава, нив ги следеа и останатите.

Кошаркарската селекција на Македонија која се подготвува за квалификациите за ЕП, веќе порачаа: „Ние дониравме, приклучете се и Вие“.

Поддршката доаѓа и од македонските авто-клубови, кои ги поканија сите свои членови, но и воопшто граѓаните на Реапублика Македонија, да се придружат кон собирањето на основните потребни материјали.

За таа цел, денеска тие ќе организираат и собирање на помошта е пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 14 часотм каде членовите од авто-клуовите очекуваат масовна поддршка поразчувајќи: ,,Се гледаме таму, а во меѓувреме, Ве потсетуваме да донирате за настраданите на телефонскиот број 143 400“.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост