Македонските служби не верувале, српските колеги ги предупредиле за Куманово

Од:

Српските безбедносни служби ги предупредиле македонските колеги дека може да дојде до вооружен напад во Куманово но нашите безбедносни служби не поверувале во овие информации пренесува Ал Џезира.

Откако Србија и официјално ја известила Македонија дека се подготвува напад на вооружена група одговорот на нашите служби бил дека информациите се преувеличуваат.

„Службите за безбедност на Србија ги предупредија македонските колеги за можноста од нападот во Куманово, но тие веруваа дека информациите се преувеличуваат“, изјавил директорот на Воената-безбедносна агенција (ВБА) Петар Цветковиќ.

Според Цветковиќ наоружаната група која се судри со полицијата во Куманово, долг период била стационирана на територија на Македонија. Уште во април ги известиле безбедносните структури во земјава дека големи се шансите групата да нападне но информациите не биле серизоно сфатени.

Целиот текст може да го прочитате тука.

Би можело да ве интересира

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово