Македонските граѓани најмногу гледаат вести и играни серии

Од:

Македонските граѓани не користат само еден извор на информации, туку најчесто се информираат преку телевизијата и интернетот, покажуваат резултатите од истражувањето што во ноември – декември минатата година беше спроведено по барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Истражувањето, со кое биле опфатени 1.200 испитаници на возраст над 16 години, покажува дека телевизијата е најзначаен медиум преку кој се информираат граѓаните, односно речиси 75 проценти од анкетираните изјавиле дека за домашните и странските настани секојдневно се информираат преку телевизијата. Втор најчест извор на информирање е интернетот. Шеесет и шест проценти од испитаниците одговориле дека никогаш не се информираат од радиото, а речиси 57 проценти дека никогаш не се информираат од печатените медиуми.

Најчесто македонските граѓани гледаат вести, а потоа играни серии, кои, како што изјавиле, се премногу застапени на медиумите. Испитаните се изјасниле дека има недостиг од образовна и културан програма, програми за деца и цртани филмови, документарни емисии и играни филмови.

Во 2015 година кога е спроведено истражувањето само 7,5 проценти од граѓаните користеле обична антена, а 84,3 проценти ги користеле услугите на операторите на јавните електронски комуникациски мрежи.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на јавен состанок ја презентираше и Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги според која минатата година вкупните приходи на радиодофузерите изнесуваат 3 милијарди 102 милиони денари од кои милијарда 693 милиони денари се приходи добиени од реклами. Речиси 92 проценти од вкупните приходи од реклами ги оствариле телевизиите, а само осум проценти се приходи што ги оствариле радијата од реклами.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ