Македонскиот полициски синдикат: Владата да го поништи противзаконски договор потпишан од Чулев

Од:

Македонскиот полициски синдикат денеска на прес конференција побара од владата да го поништи, како што беше кажано, штетниот и противзаконски договор, кој го потпиша министерот Наќе Чулев.

„Раководството на Македонскиот полициски синдикат во периодот кој што измина на повеќе наврати од министерот Чулев бараше на сите вработени во Министерството за внатрешни работи поради посебен допринес во борбата со Covid 19, да им се исплати награда во висина од најмалку една просечна плата. Министерството не го прифати нашето барање при што нелогично за нас самостојно излезе со барање до Владата за донесување на Уредба со законска сила, според која на секој вработен во Министерството за внатрешни работи да му се исплати награда во висина од 15.000 денари, што за нас, како единствен репрезентативен синдикат на полицијата, сумата од 15.000 денари е потценувачка и омаловажувачка поради што од министерот бараме под итно да изнајде начин и парични средства и на сите вработени во МВР да им се исплати парична награда во висина од најмалку 25.000 денари“ беше кажано на прес конференцијата.

Од синдикатот се пожалија дека на последната средба што ја имале кај министерот во март добиле директна закана.

„Доколку не прекинете да го напаѓате министерот и неговиот тим ќе ви формираме трет синдикат и нема да броите 8.500, туку ќе ве направеме на 4000 членови и за кратко време скроз ќе ве снема од синдикалната сцена“, им било кажано на средбата.

„Но, тензиите не стивнаа и понатаму. Се направија кадровски промени на сите комисии во МВР и БЈБ и тоа повторни без дијалог. Советници кои не припаѓаат на Бирото за јавна безбедност и се дел од политичките кабинети се појавуваа во организациски единици за кои не се надлежни и сееја страв и закани кон вработените и сето тоа создава збунетост кај нашите колеги. На сетоа ова ние како Македонски полициски синдикат реагиравме и баравме прием кај Министерот Чулев но истиот не игнорираше и наместо прием се соочувавме со бројни индиректни закани кон нас и кон нашите преставници широм републиката. За жал, заканата што ја добивме во кабинетот на министерот Чулев истите започнаа да ја исполнуваат со регистрирање на нов синдикат на 29.04.2020 година во Министрството за труд и социјала и упис на истиот на 13.05.2020 година во Централен регистар да на 02.06.2020 година со договор спротивен на законските прописи во Република Северна Македонија и Колективниот договор на МВР ја крунисат соработката со истиот“, велат од Македонскиот полициски синдикат.

„Токму од овде ја повикуваме Владата да го поништи штетниот и противзаконски договорот што го потпиша министерот Чулев со новоформираниот синдикат бидејќи е спротивен на член 46 од Законот за Влада и Колективниот договор на МВР. Од наша страна со писмена реакција се известени сите релевантни институции во ЕУ и Република Северна Македонија. Токму од овие причини сметавме дека треба да се извести целокупната јавност за случувањата во синдикализмот во МВР“, додаваат од Македонскиот полициски синдикат.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он