Македонскиот полициски синдикат бара решавање на проблемите на полициските службеници

Од:

Македонскиот полициски синдикат (МПС) бара отпочнување на социјалниот дијалог со надлежните и решавање на проблемите со кои се соочуваат полициските службеници.

Претседателот на Синдикатот, Ацо Антовски денеска на прес-конференција посочи дека условите за работа се несоодветни скоро во сите организациски единици и оти полициските службеници имаат застарена униформа и користат возилата со кои е загрозена нивната безбедност.

Според Антовски, има и преголем прекувремен работен ангажман на полициските службеници за што тие се несоодветни платени или не можат да земат слободни денови.

Синдикатот бара и распоредување на полицајците приправници со положен приправнички испит, како и доследно спроведување на договорот со владата за усогласување на платите на полициските службеници со платите на царинските службеници, финансиската полиција и УЈП.

– Отпочнувањето на социјалниот дијалог, а со тоа и решавањето на претходно споменатите состојби мора да почне веднаш, со било која влада на РМ, односно со било кој министер на МВР, при што Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен и најголем полициски синдикат во државата ќе биде рамноправен социјален партнер, кој ќе придонесе за успешно надминување на ваквите состојби, рече Антовски.

Од Македонскиот полициски синдикат велат дека доколку не бидат решени нивните барања, ќе ги искористат сите законски и синдикални средства.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници