Македонскиот ПЕН центар го одбележа Денот на европските јазици

Од:

Канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН – „Поетики“ и „Разноликост“ – Колекција на поезија, фикција и есеј, во соработка со Македонскиот ПЕН Центар, синоќа во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ го одбележаа Денот на европските јазици со книжевна вечер со бугарскиот писател, сликар и преведувач Роман Кисјов.

За неговата поезија зборуваа академиците Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова, која се обрати со пораката за Меѓународниот ден на европските јазици.

– Ова е ден кога треба да се потсетиме на јазичните права како основни човекови права кои во практиката на современа Европа, па и на Република Македонија водат не само кон повеќејазичност, туку и кон интеркултурни дијалози меѓу народите, луѓето и писателите. Македонскиот јазик спаѓа во редот на помалите или помалку распространети европски јазици, но е секако еден од постарите јазици со богата јазична меморија и експресија. Во Република Македонија, која овозможува со уставните одредби, како и со закон, оптимални, ако не и максимални јазични права на малцинските јазични и етнички заедници во државата, треба да биде и должност, и право и чест да се зборува македонскиот јазик и да се употребува како јазик на заедничко разбирање меѓу македонските граѓани, стои во пораката.

Бугарскиот поет Кисјов, кој беше поканет на одбележувањето на европските јазици, има преведено на бугарски јазик дела и обемни избори од најдобрите македонски писатели, меѓу кои Ацо Шопов, Михаил Ренџов, Анте Поповски, Ефтим Клетников.

Би можело да ве интересира

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Предраг Петровиќ

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра