„Mакедонски војници не смеат да служат во бугарската армија“

Од:

Форумот за безбедност и Здруженијата на Бранителите испратија заедничко соопштение во врска со антидржавните повици за пристапување на поранешни припадници на АРМ во бугарската војска и повикот на Красимир Каракачанов за издавање на бугарско државјанство на македонските Бранители. Тие велат дека се згрозени од ваквите најави и додаваат дека надлежните органи треба да реагираат брзо и да не го дозволат тоа.

-Згрозени од антидржавните повици за пристапување на поранешни припадници на Армијата на Република Македонија во бугарската армија, како и од непријателската „понуда” на Красимир Каракачанов, лидер на бугарска политичка партија, кој им „нуди” бугарско државјанство на македонските бранители затоа што, како што наведува тој: „тие луѓе војувале против албанските сепаратисти, а државата Македонија не направи ништо за нив” ги информираме македонските граѓани и државните институции на Република Македонија, но со остра и патриотска реакција им се обраќаме и на секој поединец или група од Република Македонија и надвор од неа кои се носители на споменатите антидржавни повици и „понуди”, а посебно на Красимир Каракачанов и неговите наредбодавачи и истомисленици- се вели во повикот.

Додаваат дека учесниците во конфликтот од 2001 од морални причини никогаш нема да и се стават во служба на бугарската армија, колку и тие да се навистина обесправени.

-Форумот за безбедност и ние Бранителите, кои учествувавме во антитерористичката одбрана на Република Македонија во 2001 година, без разлика дали се наоѓаме во активниот или резервниот состав, или пак моментално не се наоѓаме во македонските безбедносни институции во кои служевме, изјавуваме сега и засекогаш, дека бевме, сме и ќе бидеме единствено во служба само во македонските безбедносни институции, вклучувајќи ја и нашата единствена Армија на Република Македонија. Во нашата бранителска општествена група има Македонци, но и граѓани од останатите етнички заедници на Република Македонија кои не само што немаат потреба од бугарско државјанство и пристапување во бугарската армија, туку со згрозеност и презир констатираат дека одредени поединци во нашата татковина, како и поединци како Красимир Каракачанов и политички субјекти во Бугарија, на организиран и смислен, но за среќа неуспешен начин се обидуваат да ги оспорат основните белези на нашата држава, обидувајќи се да го проблематизираат и нејзиното битие, а се со цел, меѓу другото, остварување на нивните стратегиски цели од конкретен големонационален проект кој е во спротивност не само со македонските национални интереси, туку и со интересите на другите народи во регионот, а со тоа се спротивни и на европските и евроатланските интеграции- додаваат тие.

Тие ги повикаа владеачките и опозициските политички елити во Република Македонија, да отпочнат или да продолжат со преземање на конкретни активности со кои би се спротивставиле на вакви или слични обиди за дестабилизирање на безбедносниот систем и поткопување на битието на нашата држава.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната