Македонски студенти на студиски престој во компанијата Хуавеи

Од:

Пет македонски студенти, најдобри во областа на информатички технологии и телекомуникации, во рамки на програмата „Семиња за иднината“ ќе патуваат на студиска посета на кинеската компанија Хуавеи.

На доделувањето на ваучерите за стипендирањето најавено е присуство на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, менаџерот на Хуавеи во Македонија Зхоу Јиадон и амбасадорката на Република Кина во Македонија Јин Лисијен.

Со цел намалување на јазот на знаењето и промовирање на индустрискиот развој, македонската Влада ја поддржа програмата „Семиња за иднината“ за 2017 година.

Петте најдобри студенти ќе имаат можност да присуствуваат на демонстрација на најновата ИКТ-технологија, да учествуваат во работилници каде што ќе се сретнат со високи извршни директори и експерти од Хуавеи. Исто така, ќе посетат и часови по кинески јазик, кинеско сликање и калиграфија.

Изборот на студентите беше објавен со допис до универзитетите и објавен на страната на МИОА.

Програмата на компанијата Хуавеи „Семиња за иднината“ ги поттикнува земјите од различни региони да учествуваат во градењето на дигиталното општество. Програмата во Македонија се реализира вторпат.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти