Македонски шуми почна со есенско пошумување

Од:

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ почна да ја реализира есенската акција за пошумување. Предвидено е да бидат пошумени над 1.170 хектари со над 5 милиони садници.

Ќе се пошумува шумското земјиште, голините и ерозивните предели според однапред зацртаните годишни планови. Пошумувањето, како што соопшти претпријатието ќе трае додека се погодни времеските услови во ноември и декември, а садниците се обезбедени од сопствено производство.

Граѓаните што сакаат да се приклучат кон акцијата, како поединец, група или член на граѓанска организација да се обратат во подружниците на ЈП „Македонски шуми“.

„Македонски шуми“ ги повикува граѓаните да се придружат кон глобалната акција за пошумување и борба против климатските промени – Оставете „зелена трага“ во природата.

Би можело да ве интересира

Уапсени 15 лица: Вработени во МВР, ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделие

Предраг Петровиќ

Полициска акција против „Шумската мафија“ во Берово, Пехчево и во Делчево

Забрана за движење во шуми од 1 јули, казните се до 2000 евра

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Русија за крвавиот напад на Суми: „Украина користи цивили како воен штит“