Македонски пратеници на 129. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева

Од:

Делегација на Собранието на Република Македонија од денеска до 9 октомври во Женева ќе учествува на 129. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ).

Делегацијата ја предводи пратеникот Јани Макрадули, а во нејзин состав се и пратениците Силвана Бонева, Неџати Јакупи, Имер Алиу, Горан Мисовски и Рејхан Дурмиши.

Како што информира собраниската прес-служба, се очекува на ова Собрание на ИПУ да учествуваат околу 1.200 делегати, претставници на повеќе од 120 земји.

На 129. Собрание на ИПУ ќе се дискутира за бројни прашања поврзани со мирот и човековите права, нуклеарното разоружување и имплементацијата на Резолуцијата 1540 на Советот за безбедност на Обединетите нации за неширење на оружјето за масовно уништување, заштитата на правата на децата, а особено непридржуваните деца мигранти и спречување на нивната експлоатација во состојби на војна и конфликт, развој отпорен на ризици, имајќи ги предвид демографските трендови и природните ограничувања, состојбата и правата на внатрешно расените лица и друго.

Во рамките на 129. Собрание седница ќе одржи и Комитетот на ИПУ за прашања на Обединетите нации, каде што ќе се обратат Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај и Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутерес, а ќе биде одржана и панел-дискусија за промовирање на меѓународните заложби и бранење на правата на ранливите групи, со фокус на лицата со посебни потреби.

Интерпарламетарната унија, основана во 1889 година, е најстарата мултилатерална политичка организација, во која членуваат 162 национални парламенти и десет меѓународни парламентарни собранија. Светската организација на парламентите со седиште во Женева има статус на постојан набљудувач во Организацијата на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он