Македонски полициски синдикат: Уставниот суд ја отфрли иницијативата на ГНСП

Од:

„За жал повторно сме принудени да реагираме на денешната несериозната прес конференција на нерепрезентативниот ГНСП, на која освен обид за правење на шоу, изнесување на невистини и лаги, немаше ништо што би значело вистинска синдикална работа.

Имено, најпрво информираме дека Уставниот суд ја отфрли во целост иницијативата на нерепрезентативниот ГНСП по однос на членот 4 од постоечкиот Колективен договор на МВР, што е во спротивност со денешните изнесени тврдењата.

Во однос на Листата на плати напоменуваме дека со неа се уредува висината на бодовите на секое работно место во согласност со Колективниот договор и закон претходно уредената Категоризација на работните места во МВР на РМ. Она што претставниците на нерепрезентативниот ГНСП го бараат веќе постои во пресметката за месечната плата која ја добива секој вработен во МВР на РМ.

Што се однесува за додатоците на плата кои ги споменуваат, информираме дека голем дел од нив веќе се предмет на регулација на постоечкиот Колективен договор и нивното надоградување не е ничиво ексклузивно право и истите се жива материја која константно е предмет на преговори.

Во делот кој се однесува на Систематизацијата на работните места во МВР, очигледно нерепрезентативниот ГНСП заборавил дека истата не е предмет на регулација на Колективен договор и истата е во надлежност на работодавецот.

Одредбите на постоечкиот Колективен договор важат 2 години, а по истекот на тие 2 години истите се применуваат до склучување на нов. Ова докажува дека нема правен вакум и истото претставниците на нерепрезентативниот ГНСП можат да го утврдат во преодните и завршни одредби на постоечкиот Колективен договор.

На крајот би ја известиле јавноста дека Македонскиот полициски синдикат не е т.н. репрезентативен синдикат, туку единствен репрезентативен синдикат во МВР на РМ, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција со над 7500 членови, кое нешто е утврдено со Решение на надлежното Министерство за труд и социјална политика“ се вели во реакцијата на Македонскиот полициски синдикат.

Би можело да ве интересира

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он