Македонски лекари ќе се обучуваат во болницата каде се лечи Папата

Од:

Македонски лекари ќе се обучуваат на Католичкиот универзитет „Свето срце“ при болницата „Агостино Џемели“, во Рим, Италија, официјалната болница на Поглаварот на Римокатоличката црква.

Меморандумот за разбирање со кој се овозможува соработката го потпишаа денеска во Скопје министерот за здравство Никола Тодоров и деканот на Факултетот за медицина и хирургија при Католичкиот Универзитет „Свето срце“ Роко Доменико Алфонсо Белантоне.

Според министерот Тодоров, Универзитетот „Свето срце“ е најголем приватен универзитет во Европа и најголем католички универзитет во светот. Со меморандумот се воспоставува соработка во повеќе специјалности од медицината меќу кои: интерна медицина, дигестивна ендоскопија, хирургија, педијатрија, гинекологија и акушерство, анестезиологија, неврохирургија, ортопедија, офталмологија, неврологија, радиологија, нуклеарна медицина, урологија и други.
– Со ова се отвара голема можност за македонските лекари имаат можност и привилегија да се стекнат со најсовремени знаења и вештини од медицината, рече Тодоров.

Тој појасни дека досега во оваа болница се обучувале тројца македонски лекари од областа на гастроентерохепатологијата. Во следната фаза обуката ќе биде и од областа на хирургија на тиреоидеја, а деканот Белантоне е првиот во светот кој го применил овој метод. Со едукација на македонските лекари ќе се овозможи примена на оваа напредна хируршка метода прв пат во регионот.

Деканот Белантоне, изрази задоволство за отпочнувањето на оваа соработка, зад која стои и ректорот на Католичкиот универзитет во Италија.

– Се надевам дека во скоро време ќе ги видиме лекарите кои ќе дојдат кај нас, а и нашите лекари кои ќе дојдат кај вас. Имаме две заеднички култури од Александар Велики до Јулиј Цезар и во овој момент време е да ги споиме овие култури, рече Белантоне.

На чинот на потпишување на Меморандумот за разбирање присуствуваше и проф. по хирургија и гастрентеро-хепатологија Гуидо Костамања, кој заедно со Белантоне беа во тимот кој го оперираше Папата Јован Павле Втори. Тој појасни дека можностите за воспоставување на соработката биле разгледани лани во Рим за време на неговата средба со министерот Тодоров.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството