Македонски државјанин прегазил жена во Краљево

Од:

Македонски државјанин кој управувал камион со кумановски регистарски таблички, вчера прегазил жена во српскиот град Краљево.

Сообраќајната несреќа се случила напладне, на пешачки премин, на една од најфрефентните улици во центарот на градот, во моментот кога жената се враќала од продавница.

– Возачот Ќазим Е. (49), државјанин на Република Македонија,  со камион марка “мерцедес“ смртно ја повредил Љиљана Павковиќ (62), која од здобиените повреди почината на самото место. Возачот излегол од кабината и побегнал. Полицијата сеуште трага по него, стои во полициското соопштение.

Очевидци изјавиле дека глетката била страшна и додале дека возачот излегол од кабината и се дал во бегсто додека возилото сеуште било во погон.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски