Македонски центар за култура и развој: Изборите мирни, фер и демократски

Од:

Претседателските и предвремените парламентарни избори беа мирни, фер и демократски, наведува Македонскиот центар за култура и развој во првичната оценка за изборите.

Македонскиот центар за култура и развој во рамки на својот проект „Превенција за време на избори“ спроведе мониторинг на првиот круг од изборите, на периодот помеѓу двата изборни круга, како и на вчерашниот изборен ден.

– Со овие избори, Република Македонија влегува во повисоко ниво на организација и спроведување избори, на идентичен начин како во развиените европски земји, смета Македонскиот центар за култура и развој.

Во тек на мониторингот се посетени штабовите и раководствата на најрелевантните политички партии и е спроведена детална анкета за присуството на превенцијата во вкупниот изборен процес.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар