Македонската владина делегација во посета на НР Кина

Од:

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски по посетата на Јапонија и Република Кореја, од денеска ќе престојува во посета на Специјалниот административен регион Хонг Конг, кој е дел од Народна Република Кина.

Премиерот Груевски ќе оствари средба со претседателот на Извршниот совет на Хонг Конг, Ленг Чун-јинг, а ќе ја посети и хонгконгшката болницата Квин Мери (Queen Mary), каде ќе разговара за соработка во областа на здравството, а ќе се обрати и на бизнис форум организиран од „Фајненшл Тајмс“.

Во Народна Република Кина македонската делегација треба да го посети и градот Гуангжу кој претставува седиште на мултинационалната компанија „Веибо“ која веќе има донесено одлука за инвестирање во Македонија и отворање на фабрика во североисточниот реон со која ќе се отворат околу 5.000 работни места. Планирани се средби и со политичките претставници на регионот Гуангдонг.

Со ова владината делегација ќе ја заокружи посетата на државите од азискиот континент.

За време на посетата на Република Кореја македонската делегација пред бизнисмените од оваа азиска држава ги презентира поволните услови за инвестирање во Македонија на бизнис форум, што се одржа во Сеул, а беше организиран во соработка со „Фајненшл Тајмс“.

Пред Кореја, македонската делегација беше во посета на Јапонија каде премиерот Груевски оствари средби со принцот Нарухито и со премиерот Шинзо Абе. На бизнис форум беа промовирани поволностите за инвестирање, а во функција на овозможување на услови за соработка во областа на здравството, беше реализирана и средба со менаџерскиот тим на болницата Токио Џенерал Хоспитал. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски