Македонската полиција од денеска ќе вози „шкода јети“

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска ќе ги презентира новите возила „шкода јети“ кои ќе ги заменат старите „крајслери. На тендерот што го распиша Министерството за внатрешни работи за набавка на 150 нови возила за најповолен понудувач беше избрана компанијата „Порше Македонија“.

Таа даде најниска понуда од 199.750.000 денари за набавка на возилата, односно за 10 милиони денари пониска од почетната цена на аукцијата.

Новите возила се во бела боја со ознаки на полицијата, а во цената е вклучено и тригодишнo бесплатно одржување (замена на гуми, масло, антифриз, филтри за воздух…). Согласно тендерската спецификација, предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина од 1.900 до 1.300 сантиметри кубни и со моќност од 110 до 140 киловати.

Последниот тендер за набавка на возила за МВР беше пред 12 години кога беа купени крајслери.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи