А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонска владина делегација на министерска конференција во Париз

by А1он12/12/2017 - 14:22135
Share0

Делегација на Владата на Република Македонија составена од министерот за финансии Драган Тевдовски и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во следните два дена (13-14 декември) во Париз, ќе учествуваат на СИГМА министерската конференција насловена „Добро деловно јавно управување, сервис за граѓаните и бизнисите“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Дел од владината делегација, по специјална покана од организаторите е и Генералниот секретар на Владата на РМ, г-динот Драги Рашковски.

Меѓународната конференција, на која ќе учествуваат претставници од 18 партнерски земји е во знакот и на одбележувањето на 25 – годишнината од СИГМА програмата, која што претставува успешно долгорочно партнерство помеѓу Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Европската унија, кои се и организатори на истата.
СИГМА- програмата која е фокусирана на јакнењето на јавниот менаџмент соработува со земјите кандидати за членство во ЕУ и потенцијалните кандидати, како и со европските соседски земји.

Главни цели на состанокот на министрите за финансии и јавна администрација е поддршката на економските реформи преку доброто јавно управување со создавање на конкурентна и бизнис-пријателска средина и преку подобрувањето на јавните услуги и подобрувањето на владеењето на правото.

Следете a1on на Youtube YouTube
vlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео