Македонска државјанка почина во приштинската болница по сообраќајка

Од:

Државјанка на Северна Македонија починала вчера во Клиничкиот универзитетски центар на Косово, како последица на повредите здобиени во неодамнешна сообраќајна несреќа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во кратката информација во 24-часовниот извештај на косовската полиција се наведува дека несреќата во која настрадала жената се случила на 3 јануари на националниот пат Приштина – Урошевац.

По налог на надлежен обвинител, телото на покојната жена, за чиј идентитет нема податоци, е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар