Македонска делегација во посета на Фиренца

Од:

Македонска делегација во чиј состав се градоначалникот на Град Скопје и државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова од денеска до 9 јули ќе престојува во Фиренца.

За време на посетата делегацијата ќе се запознае со начинот на работа што ќе функционира во фабриката за преработка на отпад во депонијата “Дрисла”.

Градот Скопје со конзорциумот составен од ФЦЛ Амбиенте  и Униецо од Република Италија потпишаа договор за заедничко вложување во Јавното претпријатие депонија Дрисла – Скопје, со цел  вршење концесиска дејност во траење од 35 години.

Вкупната инвестиција за тарансформирање на ЈП “Дрисла” ќе изнесува 73 милиони евра, а вложувањето на средствата е планирано да се изврши во период од 4 до 5 години. Со овој договор е предвидено депонијата да прерасне во индустрија за екологија, во која отпадот ќе се трансформира во енергија или гориво и репроматеријал, секундарна суровина, со што драстично ќе се намали количеството отпад што трајно ќе биде одложуван на депонијата и ќе има поголема искористеност на повторно обновливите делови.

Посетата се реализира на покана на Конзорциумот ФЦЛ Амбиенте кој ја доби концесијата за трансформација на депонијата Дрисла во Скопје.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје