Македонска делегација на сеќавањето на загинатите Евреи во логорот Маутхаусен

Од:

Македонска делегација присуствуваше и положи цвеќе по повод денешното сеќавање на Евреите кои загинале во Логорот Маутхаусен во Австрија.

Делегацијата на Република Македонија ја предводеше амбасадорот Ѓорѓи Филипов, а дел од неа беа и амбасадорот Кире Илиоски, амбасадорот на културата Елена Мисиркова и претставникот на Македонската културна заедница во Виена, Димче Лазовски, соопшти македонската амбасада во Виена. Од име на македонските граѓани и во знак на сеќавање на починатите и преживеаните логораши, македонски Евреи, родољуби, тие положија венец свежо цвеќе. Постојат сведоштва за престој на македонски Евреи во овој логор, за загинати, но и преживеани односно спасени. Меѓу нив е и дедото на актуелниот директор на македонскиот „Музеј на холокаустот“ што се наоѓа во Скопје.

Годинешното меѓународно одбележување во поранешниот логор Маутхаусен се одржа во чест и слава на спасувачите на Евреи, кои покажувајќи неизмерна храброст, успеале да спасат Евреи од затворање, депортирање или екгзекуција.

На одбележувањето присуствуваа околу 10.000 учесници од сите краишта на светот, меѓу нив и преживеани логораши.

Во логорот, во периодот од 1938 до 1945 престојувале околу 200.000 Евреи и припадници на 70 останати нации и вери, но и противници на нацистичкиот режим. Од нив не успеале да преживеат 90.000.

Годинешново сеќавање се одвиваше под мотото „Вредноста на животот“, а го организираа Меѓународниот комитет Маутхаусен, Здружението на преживеани логораши од Маутхаусен, како и Владата на Австрија преку Министерството за внатрешни работи.

Австриската делегација ја предводеше претседателот на Парламентот, Барбара Прамер, а на настанот присуствуваше и канцеларот Вернер Фајман.

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска