Македонска алијанса со кандидат за градоначалник на Пустец

Од:

Општинската организација Преспа на Македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, викендов одржа конвенција за утврдување кандидат за градоначалник на општина Пустец за престојните локални избори во Албанија што треба да се одржат на 21 јуни годинава.

Делегатите од Горна Горица, Туминец, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Леска, Пустец, Зрноско и Церје за кандидат за градоначалник на општина Пустец го утврдија досегашниот градоначалник Едмонд Темелко. Извршниот одбор на општинската органзиација дополнително ќе ги евидентира 15-те кандидати за советници во Советот на општина Пустец пренесува весник Македониум.

Свои обраќања пред делегатите на општинската организација Преспа имаа, генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, потпреседателот на Македонска алијанса за европска интерација, Таќо Гроздани, како и претседателот и потпреседателот на општинската организација Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција, Андон Јани и Спасе Мазенковски.

Градоначалникот Едмонд Темелко имаше пригодно обраќање поздравено од присутните.

– “Почитувани браќа и сестри Македонци, годинава завршува вториот мандат од власта на Македонска алијанса за европска интеграција во општина Пустец. Тоа не охрабрува и поттикнува, да ги продолжиме победите на Македонската партија како единствена опција за заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет во Република Албанија. Без срам и страв, гордо пред Вас, како и досега, со силен елан за нови победи, се кандидирам за градоначалник на општина Пустец и во наредните четири години. Заедно сторивме многу, заедно ќе продолжиме и понатаму!

– Пред четири години понудивме амбициозна програма. И покрај ограничените изворни приходи на општината, поголемиот дел од ветувањата ги остваривме. Гордо сме исправени пред избирачите, пред Македонците, кои ги повикуваме повторно да го дадат својот глас за Македонска алијанса за европска интеграција, затоа што Македонската партија е единствена гаранција дека ние Македонците можеме и мораме да се избориме самите за нашите права, за унапредување на нашата положба во Република Албанија.” – истакна Едмонд Темелко во своето пригодно обраќање.

На овие локални избори Македонска алијанса за европска интеграција ќе коалицира со Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама и освен во општина Пустец со свои листи за советници ќе настапи во повеќе општини во Албанија каде што живее македонско население. (Македониум)

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

Стерјовски: Бугарија донира за Пустец во замена на нашата македонска националност