Македонки уапсени на преминот Прешево заради лажирање на вакцинација во Врање

Од:

Две државјанки на Република Северна Македонија ги доведоа во заблуда здравствените работници во Србија, успевајќи да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината, јави дописникот на МИА од Белград.

Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главниот пункт за вакцинација во тој град, потврдија од Основното јавно обвинителство во тој град.

Две државјанки на Република Северна Македонија од Скопје, на возраст од 54 и 40 години, по лекарскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација ја напуштија Спортската сала, иако не беа вакцинирани.

Според Миодраг Стојановиќ, портпарол на Основното јавно обвинителство во Врање, државјанките на Северна Македонија биле запрени на граничниот премин Прешево, кога биле уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани и казнети со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари (510 евра) секоја.

– Двете државјанки на Северна Македонија (54) и (40), од Скопје, дојдоа во Спортската сала во Врање, а потоа ги доведоа во заблуда здравствените работници за да им дозволат да ја пополнат согласноста за вакцинација против Ковид-19, така што по медицинскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација се оддалечија од Спортската сала без да ја примат вакцината, по што беа запрени на граничниот премин Прешево, кога беа уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани, а по примената на принципот на опортунитет ја исполнија наложена основа со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари, се наведува во соопштението на портпаролот на Основното јавно обвинителство во Врање, Миодраг Стојановиќ.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он