Македонија во опасна фаза

Од:

Секој вкопан во сопствените ровови. Лидерите на Пржинската четворка остануваат на своите ставови, иако вечер на полноќ Собранието трeбa да се распушти со цел одржување предверемни парламентарни избори на 24. април.

Македонија е во алертна или опасна фаза. Цела држава е во неизвесност, кој пат ќе биде одбран. Велат, неколку опции се во игра. Дали ќе се „голтнат“ партиските рејтинг интереси, па на конструктивен начин да се најде заедничко решение со нов датум за избори.

Меѓународната заедница оцени дека не се исполнети условите за кредибилни избори.

Втората опција е ВМРО-ДПМНЕ, сама да одлучи да оди на избори на 24. април, со некои партии кои ќе глумат опозиција.

СДСМ тврди дека нема услови за фер и демократски избори на 24. април, а ВМРО ДПМНЕ дека тоа не е точно и дека опозицијата се плаши од избори зашто знае дека ќе ги загуби.

Ахмети по средбата со американскиот амбасадор Бејли во неделата, изјави дека „ДУИ е во иста линија и комуникација со меѓународната заедница, и смета дека средбите треба да продолжат и да се постигне компромис и согласност меѓу сите страни за да не се дозволи договорот да пропадне, зашто тоа ќе значи почеток и продлабочување на политичката криза во Македонија“.

Засега нема формална иницијатива до Собранието за промена на одлуката за самосраспуштање. До синоќа ниту една од пратеничките групи немаше поднесено барање за менување на одлуката.

ЕУ и САД во неделата преку заедничко соопштение ја изнесоа нивната оценка дека „иако одреден напредок е постигнат, неопходните услови за организирање на веродостојни избори на 24. април, во моментов не се исполнети“.

Џес Бејли вели договорот од Пржино не е мртов, но денес ќе стигне до точка од која нема враќање

Евроамбасадорот Аиво Орав, пак, во порака на Твитер синоќа напиша дека амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговарале за ситуацијата во Македонија и оти денеска во земјата ќе пристигнат европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан и оти тоа е последна шанса за партиските лидери да пронајдат решение.

Загрижувачки се повиците на социјалните мрежи од страна на новинари блиски до власта за влечење радикални потези, за „палење“ на нечии амбасади.

До вечерва ќе се знае кој потег ќе го ковертираат партиите, и дали работат за личен или за интерес на државата.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар