Македонија утре осми пат на парламентарни избори

Од:

Утрешните предвремени избори се осми парламентарни, а вкупно 17-то изборно изјаснување во Република Македонија.

Пратениците се избираат според пропорционалниот модел во Македонија, а според мнозинскиот во дијаспората. Територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат во дијаспората – по еден пратеник од трите изборни единици: Европа и Африка,  Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.780.128 граѓани. По изборни единици за парламентарните избори во првата запишани во ИС се 297.686 гласачи, во ИЕ 2 306.067, во ИЕ 3 280.891, во четвртата 280.810, во ИЕ 5 286.434 и во шестата 304.458 гласачи. Најмногу пријавени за гласање во дијаспората има во ИЕ 7 (Европа и Африка) 18.911, во осмата (Северна и Јужна Америка) 3.337, додека во ИЕ 9 (Австралија и Азија) 1.534.

В недела, заедно со парламентарните ќе се одржи и вториот круг на претседателските избори.

Гласачките места на 27 април ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Државната изборна комисија првичните резултати од изборите ги објавува во рок од 12 часа по завршувањето на гласањето, а конечните 24 часа од денот на нивната конечност.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември