Македонија претседавач со Процесот за соработка во југоисточна Европа

Од:

Република Македонија од денес го превзема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Според министерот за надворешни работи, Никола Попоски приоритет на Македонија во едногодишното претседателствување ќе биде подобрување на имиџот на регионот преку економската соработка.

Тој очекува земјите-членки во ЕУ да покажаат соодветно ниво на свест за поддржување на останатите кои се кандидати и потенцијални кандидати да напредуваат на патот на евроинтеграција.

Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ПСЈИЕ е најстарата автохтона политичка иницијатива во регионот.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади при Процесот за соработка во ЈИЕ, кој се одржува во Белград.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија