„Македонија повторно твоја“ е слоганот на парламентарната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Од:

„Македонија повторно твоја – промените во твои раце“ е слоганот и потписот на парламентарната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.

Слоганот со кој ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ е резултат на претходни обемни анализи со кој се потврдува дека главното чувство е чувството на беспомошност кај граѓаните по девастирачкото владеење на СДСМ и ДУИ. Токму чувството дека народот ја губи државата од своите раце и дека нема ниту еден систем во државата кој функционира е чувството кое е доминантно во сите истражувања и анализи, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се гледа по бројните примери како што е модуларното болница, немањето на пасоши и лични документи за граѓаните, недостатоците дури и на учебници во образованието, криминалот насекаде и сеприсутноста на корупцијата, како и неказнивоста на сторителите се бремиња што го оптеретуваат македонското општество.

И тоа мора да се промени.

„Ова не е Македонија што ја сакаш и ја заслужуваш. Овие избори се шанса да си ја вратиш Македонија повторно во твои раце! Шанса во која можеш да веруваш, но и избор во кој мора да учествуваш! Македонија ти е едноставно одземена, време е да си ја вратиш“ – се дел од суштинските пораки на кампањата која ќе биде промовирана на конвенцијата каде ќе се промовираат кандидатите за пратеници и носители на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ во сабота во 12 часот во салата на Филхармонија.

Промените се во твои раце!

Македонија повторно ќе биде твоја! – преку силен економски развој, реформи и борба против корупцијата и средување на системот – се ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните на овие избори, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ