Македонија понуди помош и поддршка за заштита на цивилното население во Украина

Од:

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари видео разговор со министерот за здравство на Украина Виктор Љашко.
Украинскиот министер изрази благодарност до Владата на Македонија и до Министерството за здравство, за хуманитарната поддршка на Украина.

Љашко истакна дека од голема важност за граѓаните на Украина е придонесот во здравствената заштита како и хуманитарната помош, која од страна на Министерството за здравство на Северна Македонија во повеќе наврати изминатиов период беше донирана до Украина.

Хуманитарната помош од Северна Македонија се состоеше во лекови и медицински средства, медикаменти и антибиотици. Министерот Меџити истакна дека Северна Македонија секогаш знае да понуди помош и поддршка во заштита на цивилното население и да биде хумана и солидарна во најтешките моменти. Соговорниците разменија мислења и за соработката меѓу земјите во рамки на Програмата за меѓународно медицинско партнерство, која се спроведува под покровителство на првата дама на Украина Олена Зеленска, со цел да се воспостави ефективно партнерство меѓу здравствените институции на Украина и странските земји. На видео состанокот беа разменети мислења и за соработка на здравствените институции меѓу двете министерства за здравство, кои би се состоеле во размена на искуства за актуелните предизвици во областа на здравствената заштита.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води