Македонија покажува подобрување на состојбата со безбедноста на новинарите и медиумските работници

Од:

Северна Македонија покажува подобрување на состојбата со безбедноста на новинарите и медиумските работници, споредбено со седумте земји од регионот, покажува Индексот за безбедноста на новинарите на Западен Балкан за 2020 година.

Сепак во однос на мерките за превенција во земјата, во индексот наведено е дека продолжува општата политика на неказнивост на напаѓачите кон новинарите. Од тие причини, ЗНМ континуирано инсистира на посебни одделенија во кривичниот суд и обвинителството за зголемување на ефикасноста во заштитата на правата на новинарите. Бројот на напади во споредба со претходната година во 2020 година е зголемен а повеќе од половината се кон жени новинарки.

Референтните вредности за индексот се од оценка 1 (најлошо) до 7 (најдобро) на четири посебни области. Од 7-те земји на Западен Балкан, Република Северна Македонија има средна оцена 3.93, која иако не е висока, сепак земјата ја прави да биде подобра од останатите земји вклучени во процесот.

Како што соопшти Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Индексот се однесува на 2020 година и се потпира врз истражувачки податоци, собрани и анализирани од партнерите на платформата на новинарски здруженија од Западен Балкан „Safejournalists.net“, врз основа на ригорозна истражувачка процедура.

Собраните податоци за неколку различни сфери поврзани со „безбедноста на новинарите“ се изработени во форма на индикатор – Индекс на безбедност на новинарите, со цел преку бројки да се измерат промените во седумте земји од Западен Балкан за минатата година.

Во наредните години, подобрувањето или влошувањето на состојбата во сите земји ќе се мери земајќи ја предвид оценката за 2020 година како референтна година. Повеќе детали за теоретската рамка и за процедурата за развивање и пресметка на Индексот, како и сите извештаи за земјите од Западен Балкан може да се најдат на: https://safejournalists.net/safety-index/.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on