Македонија останува без 4Г

Од:

Македонските граѓани ќе почекаат извезно време на четвртата генерација на мобилна телефонија 4Г, со оглед дека телекомуникациските оператори не пројавија интерес за учество на тендерот за воведување на 4Г технологија.

Ниту една компанија не се јави на тендерот што го распиша Агенцијата за електронски комуникации за воведување на најновата генерација на мобилна мрежа, која овозможува најбрз проток на податоци и интернет преку мобилен телефон.

Директорот на АЕК Роберт Орданоски најави дека наскоро ќе биде распишан нов тендер за воведување на 4Г.

Орданоски ги повика домашните и странски менаџери да вложат и во технологии кои ќе им донесат придобивки на граѓаните, наместо конкурентската битка да ја сведат само на цени.

Добивањето лиценца за 4Г на овој тендер беше предвидено да чини 15 милиони евра, а наскоро се очекува да биде објавено дали ќе бидат променети условите на наредниот тендер.

Би можело да ве интересира

Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Драган Поповски

Сеавус талент програма за IT операции и поддршка

Ана Ололовска

Заработувачката на Хуавеј Технолоџи се зголеми за 28,1 отсто

Ана Ололовска

Робот диригираше со оркестар на концертот на Бочели во Пиза

Ана Ололовска

Аудио плеер за лица со посебни потреби

Ана Ололовска

Паметниот часовник на „Епл“ наскоро влегува во производство

Емир Латифовиќ