Македонија не попушта за Цар Самуил и за јазикот, заглавија преговорите на историската комисија

Од:

Мешовитата историска комисија на 11-тата средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите на средбата се обиделе да ги надминат разликите околу изучувањето на ликот и делото на средновековниот Цар Самуил во учебниците по историја во основното образование.

Настанал проблем и околу потпишувањето на записниците од претходните две средби, затоа што за македонските историчари не било прифатливо што ја нема придавката „македонски“.

Бугарскиот професор Ангел Димитров оцени дека македонската страна нема желба за конструктивно решение и рече дека ова, за жал, е пропадната средба.

„Констатирам за жал дека денеска е направен нула напредок, ниту минијатурен чекор. За некои прашања кои имавме заеднички сигнали со кои првпат се соочуваме. Се јави технички проблем, при што нашите колеги откажаа да ги потпишат записниците, настојуваа насекаде да стои „македонски“. Блокирајќи го потпишувањето на записниците за претходните две средби, без документ, кои дискусии се водени, работите изгледаат несигурни, со најава за немање желба да се работи сериозно. Многу, многу далеку сме од завршување на работата за учебните за седмо одделение, за Средниот век. Денес зборувавме за четвртата забелешка за Цар Самуил, која заврши безуспешно, без никакво отстапување за една заедничка историска личност. Зборувате за бугарски цар, непотребно е да напоменувам дека еден од неговите наследници Иван Владислав има споменик. Ова е историски факт, но немањето желба да се оди напред е дискутабилно и не оди во прилог. Ова 11 средба покажува дека се движиме како желки, не се покажува желба за договор, рече Димитров.

Драги Ѓоргиев, шефот на македонската делегација, оцени дека бил постигнат мал напредок и побара повеќе трпение за нивната работа.

„Средбата помина во една академска атмосфера со плодна многу слојна дисусија која ќе кажам дека не донесе никакви резултати. Добар дел беше посветен на записниците. Постојат два записници кои не се потпишани, главен проблем е употребата на придавката „македонски“. Постои различно толкување, кој според бугарските колеги е лимитирана целосно и како се толкува договорот од нивна страна. Бугарските колеги почнаа да го практикуваат тоа, без наша консултација, без да биде известено нашето МНР, кое со консултација ќе придонесеше да се надмине. Останува проблемот со придавката „македонски“. Се надевам дека ќе се најде решение. Се започна со учебниците од седмо одделние, претставувањето на Самоиуловата држава во учебниците по историја, не постигнавме согласност. Проблемот е што се избегнува внесување на една мултиперспективност, и желбата да се наметне само едно видување, ова не успеавме да го надминеме со бугарските колеги“ рече Ѓоргиев.

Тој додаде дека биле ставени на маса неколку предлози, но се покажало дека двете страни имаат спротиставени ставови во однос на ова прашање. Вели дека за ликот и делото на Гоце Делчев немало време за дискусија и дека тоа ќе биде предмет на разгледување на следната средба.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов